Ладно утрово во Македонија – температури со длабок минус,слана и мраз што ќе се задржат и во новогодишната ноќ

Објавено: 30 декември, 2025, во 08:50 часот

„Рано утрово во Македонија имаме ведро и многу ладно утро со температури кои насекаде се движат под нулата, со појава на слана  и на мраз. Најладно во овие моменти е во Берово со температура која изнесува -9 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите во овие рани утрински часови измерени во Македонија.

Во текот на ноќта и утрешниот ден, среда, 31 декември, времето во Македонија ќе биде повеќе облачно со локално провејување на слаб снег.  

Температурите ќе бидат многу ниски и ќе биде многу ладно на територијата на целата држава, под нула со што ќе има појава на слана  и на мраз. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -4 степени а особено на повисоките населени и планинските места температурата ќе се спушти до околу -15 степени, особено утре наутро, 31 декември, среда, како и во новогодишната ноќ и  рано наутро на 1 јануари, 2026 година.

Исто така и во последниот ден од старата година, среда, 31 декември, ќе биде многу ладен кога температурите на повеќе места ќе останат под нулата. Односно максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 4 степени.

Се на се пред нас е многу ладно време со многу ниски температури на воздухот, па секако доколку излегувате задолжително со вас ќе биде потребна топлата облека,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.