Линхарт: Австрија е уверена дека Македонија е подготвена за преговори со ЕУ

Објавено на 19 ноември, 2021 во 10:08

Одлично ги познаваме состојбите на Западен Балкан. Тука и лежи нашиот придонес во целиот овој процес. Има многу ситуации каде можеме да го објасниме Западниот Балкан, но исто така и да ги поддржиме земјите од Западен Балкан во нивните објаснувања кон Европа, вели австрискиот министер за европска и меѓународната соработка Михаел Линхарт во интервју за МИА.

Според него, Австрија е уверена дека Северна Македонија е подготвена за процесот на преговори за членство во Европската Унија.

– Северна Македонија е дел од Европа и целта е Северна Македонија да стане членка на Европската унија. Северна Македонија мора да биде членка на ЕУ, ова е нашето уверување и сигурен сум дека заедно ќе ја постигнеме оваа цел. Двете страни треба да вложат напори, секако преку целосна поддршка од наша страна, нагласува Линхарт.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.