АМСМ: Сообраќајот во државата се одвива нормално!
Објавено на 13 ноември, 2012 во 09:32
Без забрани, по суви и чисти коловози, утринава се одвива сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата. На планинските и осојничави места како и низ клисурите има наместа влажни коловози. Внимателно возење се препорачува и низ котлините каде во раните утрински часови се појави магла.
Поради почеста појава на одрони кои можат да го отежнат сообраќајот од АМСМ препорачаа внимателно возење на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.