Во Њујорк: Нова рунда преговори на спорот за името!

Објавено на 15 ноември, 2012 во 10:11

Преговарачите на двете земји, Зоран Јолевски на Македонија и Адамантиос Василакис на Грција, ќе  се сретнат на 19 и 20 ноември во Њујорк.

 

Новата рунда  преговори ја закажа посредникот на Обединетите Нации во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц.

Тој прво ќе се сретне со двајцата амбасадори на одвоени средби по што ќе има и заедничка средба. Од ОН информираат дека двете страни ја прифатиле поканата на посредникот Нимиц.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.