Преговори за името во Брисел!
Министерот за надворешни работи Никола Поповски денеска и утре во Брисел ќе оствари работна средба со комесарот за проширување во Европската комисија Штефан Филе, со генералниот секретар во Европската служба за надворешни работи Пјер Вимон и известителот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, објави Радио Слободна Европа.
Според очекувањата на средбите ќе се разговара за преговорите за околу разликите за името со Грција и унапредување на односите со соседите во врска со пролетниот извештај на Европската Комисија за Република Македонија
Во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент денеска ке биде поднесена неодамна објавената нацрт-Резолуција на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија за 2012 година подготвена од известителот Ричард Ховит.
