Лидерската средба заврши без договор!

Објавено на 22 јануари, 2013 во 15:01

Денешната лидерска средба помеѓу Груевски и Црвенковски заврши без резултати.

Премиерот Никола Груевски кажа дека од средбата немало никаков резултат  затоа што бил соочен со ултиматумот на СДСМ за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

 

Според Груевски најголем дел од времето на средбата било потрошено за настаните на 24-ти декември во Собранието, за што тој ја обвини опозицијата. Тој кажа дека локални избори ќе има и според него СДСМ ако не оди на избори има и друга опозиција која што ќе излезе на локалните избори.

Груевски сакал да разговара за прочистениот избирачки список и препораките на ОБСЕ , но биле соочени со ултиматум.Не ја исклучи можноста доколку има потреба да се одржи и втора лидерска средба.

Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, рече дека од  премиерот Груевски опозицијата добила понуда да се врати во парламентот, предлог што веднаш бил одбиен. Според Црвенковски таквиот предлог неможе да се реализира без исполнување на  условите за одржување на предвремени парламентарни и локални избори заедно.

Бидејќи не се постигнал никаков договор, Црвенковски нагласи дека  опозицијата продолжува со протестите по улиците.   Од барањата за фер и демократски изботи опозицијата немала намера да отстапи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.