Сончево и ветровито со мала до умерена облачност!
Објавено на 23 јануари, 2013 во 08:17
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се дижи од – 2 до 4, а дневната од 5 до 12 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура од – 1 и со дневна до 8 степени.
За утре синоптичарите најавија нов влажен бран со услови за облачно и дождливо време.
Во петок ќе залади и во попладневните часови врнежите постепено ќе преминуваат во снег и на пониските места. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер најпрво од јужен, а потоа и од северен правец.
