Субрата Рој слета во Охрид!

Објавено: 23 јануари, 2013, во 20:53 часот

 

Субрата Рој, доцна попладнево, пристигна во трета посета на Македонија за помалку од една година. Иако беше најавено дека ќе допатува рано утрово, заради магла на аеродромот во Индија, високиот гостин во Охрид пристигна попладнево, околу 16 часот, објави Лихнид.ком.

Субрата Рој и дваесетчлената индиска делегација од компанијата „Сахара Индија Паривер” на аеродромот „Св. Апостол Павле“, беа пречекани од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој ќе ги придружува гостите за време на нивната дводневна посета на Охрид и Скопје.

 

За време на посетата Рој ќе ја разгледа локацијата за градба на туристичкиот комплекс во Љубаништа што се планира да содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти зазабава, како и казино на вода. Деталите од посетата и бројните состаноци ќе бидат соопштени утре на прес конференција.

Проектот „Сахаријан Македонија“ го подготви една од најпознатите светски британски архитекстонски компании „Аткинс“ и архитектот Том Врајд кој го има проектирано и грандиозниот и најпознат хотел Буџ Ал Араб во Дубаи, единствен хотел со седум ѕвезди восветот.

Во текот на посетата на Македонија, Рој ќе се сретне и со претставници на Владата во врска со можностите за други економски инвестиции, меѓу кои и во областа на земјоделството.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.