Филе оптимист ако се најде решение за политичката криза во Македонија!

Објавено на 24 јануари, 2013 во 20:34

 

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе не дава изјави што разговарал вчера на средбите во Скопје, но е оптимист ако владата и опозицијата и претседателот најдат решение за настаните кои се случија по 24 декември, објави Дојче Веле.

 

2013. година ќе биде клучна за продолжување на напорот за проширувањето на ЕУ, за да се дозволи гаранција на кредибилитетот на процесот и неговите капацитети да го трансформираат нашето соседство, рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Советот на Европа во Стразбур (на фотографијата со претседателот на ПССЕ Жан-Клод Мињон).

На прашање на дописникот на ДВ, која беше целта на неговата ненајавена посета на Скопје и што тој им рекол и што му одговориле неговите соговорници, и дали останува и понатаму оптимист како што беше во декември, дека Македонија има шанси во јуни да ги започне преговорите со ЕУ, еврокомесарот Филе одговори:

„Тоа беше значајна посета која беше направена вчера во Скопје, исто како и разговорите кои ги имав. Ова беше во рамките на подготовките на пролетниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, Државите членки на ЕУ се надлежни да одлучат потоа за отворањето на преговорите за членство со Поранешната Југословенска Република Македонија,“ одговори комесарот, избегнувајќи да каже што разговарал со македонските државни раководители и лидерот на опозицијата во Скопје.

„Јас сум оптимист по природа и се надевам дека двете страни, односно владата и опозицијата и претседателот ќе бидат способни да пронајдат решение за настаните кои се случија по 24 декември. За мојот оптимизам да остане на нивото од пред периодот на настаните од пред 24 декември“, беше одговорот на Филе.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.