Товарните возила на Стража задолжително со ланци!

Објавено: 27 јануари, 2013, во 08:40 часот

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег, без забрани и ограничувања.

Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозите, но истите се опесочуваат континуирано.

Снежни врнежи утрово има на Попова Шапка и Гостивар кои поради многу слабиот интензитет не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.

На планинскиот превој Стража е задолжителна зимската опрема за тешки товарни возила.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен, редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Законската обрска за сите возачи за поседување зимска опрема во возилата трае до 15 март.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.