Личните податоци на граѓаните најмногу злоупотребени на фејзбук и твитер!

Објавено на 28 јануари, 2013 во 16:57

Злоупотребите најчесто се прават преку хакирање на профили и изнесување на содржини од лица кои со недобронамерни цели придонесуваат за повреда на приватноста на граѓаните.

Ова го покажува статистиката на Дирекцијата за заштита на лични податоци од каде по приемот на барањата  за заштита на приватноста, со поддршка на социјалните мрежи, се бришат профилите кои се хакирани или се поведува иницијатива за кривична постапка.

Злоупотребата на личните податоци е кривично дело кое се казнува, според закон.

При нарушување на приватноста оштетениот може да иницира кривична постапка против оној кој ја нанел повредата и да побара оштета.

Правните субјекти кои на било каков начин ги злоупотребиле податоците на граѓаните можат да заработат казна од 500 до 4.000 евра.

Денеска кога Европа го одбележува денот за заштита на лични податоци Македонија на овој план има црн биланс.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.