Во декември, пад на индустриското производство!
Статистика објави незапирлив пад на индустриското производство во декември лани од цели 8% во однос на истиот месец претходната година.
Негатива е забележана во рударство и вадење на камен од 1.9 отсто кај преработувачка индустрија од 8.2 отсто, снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 8.8 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, бележи опаѓање кај енергијата за 14.3 отсто, капитални производи за 10.8 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 23.4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 12 отсто.
Од јануари до декември во споредба со истиот период минатата година падот изнесува 6,6 отсто. Првите два квартали минатата година завршија со негативен економски раст со што во земјата и официјално беше прогласена рецесија.
Драстичен пад статистика во последните извештаи измери и кај прометот во индустријата со минус од цели 31,7 отсто и кај бројот на вработени со негатива од 0,7 отсто.
Последен пат македонската индустријата забележа позитивни резултати лани во август.
