„Аман“ му ги предаде граѓанските потписи на Собранието на РМ!

Објавено на 30 јануари, 2013 во 22:39

 

Во собраниската архива беа предадени 13.169-те потписи за промена на Законот за енергетика.

 

Со тоа предлог-измените на Законот за енергетика влегуваат во собраниска процедура.

Сега, претседателот на Собранието Трајко Вељановски треба во рок од 30 дена да го стави на дневен ред на пленарна собраниска седница.

Пратениците треба да се изјаснат дали предлог-измените на Законот за енергетика ќе одат на расправа во комисиите за да бидат донесени или отфрлени по завршување на целата процедура.

„ Нашата работа околу собирањето на потписите заврши. Ние сме задоволни што 13.169 граѓани на оваа држава ја препознаа нашата иницијатива и застанаа зад неа. Сега на ред се пратениците. Тие треба да застанат зад луѓето кои ги гласаа, а кои не се согласуваат да плаќаат за нешто што не го користеле и бараат да им се врати евтината дневна тарифа за струјата. Граѓаните бараат и регулаторот да води сметка за нивните права кога ги зголемува цените на енергенсите,“ рече Зорица Димовска, активист на граѓанската иницијатива „Аман“ пред да ги предаде потписите во Собранието.

Од „Аман“ очекуваат пратениците да и дадат шанса на првата успешна граѓанска иницијатива која нема политички цели, туку е во функција на правата на граѓаните.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.