Двојно зголемен бројот на грипосани!

Објавено на 31 јануари, 2013 во 13:20

3.474 граѓани се заболени од грип во земјава, информира Институтот за јавно здравје.

Во споредба со истиот период од минатата година постои зголемување на бројот на заболени за повеќе од два пати. Според надлежните, во однос на просекот за истиот период во последните 10 години се регистрира намалување на бројот на заболени кое изнесува 30,2%. Во текот на овој месец се пријавиле 2877 граѓани заболени од грип или 82,8%. Најчесто заболените се на возраст од 15-64 години.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.