Слаб снег паѓа на Попова Шапка и Стража а магла на Страцин!

Објавено на 4 февруари, 2013 во 07:57

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, по претежно влажни коловози.

 

Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка и Стража и истите не претставуваат пречка за нормално одвивање на сообраќајот. Намалена видливост до 100 метри поради магла има кај Страцин.

По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Задолжително е носењето зимска опрема во возилата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.