Средношколец во Струга прободен со нож!

Објавено на 4 февруари, 2013 во 17:33

 

Ученик од струшкото средно училиште „Нико Нестор“ денеска околу 15 часот е ранет со нож од група насилници кои според полицијата порано учеле во ова училиште, објави Лихнид.

Повреденото момче, според информациите од струшката болница има убодна рана од остар предмет, а по укажаната помош е задржан на лекување.

Убодната рана е во посредна близина на левиот бубрег, но лекарите од Ургентниот оддел го спречиле крвавењето и момчето не е во животна опасност, велат од струшката болница.

За потсетување по низата вербални расправии и физички пресметки во средношколските центри „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“, општина Струга усвои акциски план за безбедност во средните училишта.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.