Огнот целосно ги пеплоса трите конаци на манастирот Трескавец близу Прилеп!

Објавено на 4 февруари, 2013 во 18:02

 

Пожарот избувна денеска околу 13 часот и 30 минути, од засега неутврдени причини, а прв го видел единстевниот монах Калистат. Тој веднаш побарал помош.

 

Непристапниот терен и немањето вода го забавија гаснењетона пожарот иако противпожарни единици и околу илјада граѓани на Прилеп со теренски возила и џипови се упатија кон Трескавец.

Дури и трите хелихоптери кои се вклучија во гаснењето и црпеа вода од вештачкото езеро близу Прилеп не успеаја да ги спасат конаците кои за само два часа изгореа до темел.

За среќа, спасена и без оштетување е манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“. По неколку часовно гаснење пожарот е локализиран. 

Монахот Калистат кој живееше во овој манастир, се уште е под шок.

Пожарот и предизвиканата штета се причина за утрешната вонредна седница на Советот на општината. Ќе заседава и Економскиот совет. Тие ќе треба да одлучат како да се надминат последиците од оваа трагедија во која е уништен манастирскиот комплекс од 13 век.

Вечерва се очекува манастирот Трескавец да го посети министерката за Култура Елизабета Канческа Милевска, а за утре е најавено доаѓање и на претседателот Ѓорге Иванов.

На теренот увид прават екипи на МВР и други надлежни служби од кои се очекува да ги утврдат причините за пожарот и причинетата штета.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.