Грчки и Бугарски европратеници поднесоа куп амандмани во Европарламентот!
Објавено: 5 февруари, 2013, во 18:55 часот
Вкупно 203 амадмани од кои 92 на бугарските, а 35 на грчките европарламентарци се поднесени на предлог-Резолуцијата на известувачот Ричард Ховит.
Најголем дел од нив се посветени на спорот со името и наводното непочитување на малцинствата во Макеоднија.
Пратениците Салавракос и Кирилов бараат да се нотира „сериозна загриженост за последните политички случувања и почитување на демократијата“, додека Стојанов бара дециден став дека “земјата не ги исполнува политичките критериуми“!
Известувачот Ховит предлага нов параграф во врска со политичките случувања во Македонија.
„ ЕП верува дека Собранието е примарен форум за соочување и решавање на прашања и се повикуваат сите партии да се вклучат конструктивно во парламентарен дијалог. Притоа ги поздравуваме состаноците меѓу Владата и лидерите на опозицијата и личното лидерство од страна на комесарот за проширување. Договорено решение и враќање на парламентарната расправа ќе биде во интерес на сите политички партии во земјата во рамки на агендата за интеграција во ЕУ и НАТО,“ рече Ховит.
Во дел од амандманите има повик за враќање на опозициската СДСМ во Парламентот и учество на локалните избори како ситуацијата не би влијаеле на евроинтеграцијата на Македонија.
