По пожарот почна да се расчистува манастирот Трескавец!
Објавено: 5 февруари, 2013, во 19:23 часот
Увидните екипи на терен ги утврдуваат причините за пожарот како и висината на штетата која засега се проценува на над еден милион евра.
Пожарот кај манастирот Трескавец утрово целосно беше локализиран откако огнената стихија вчера само за два часа ги изгоре конаците и ги пеплоса сместувачките објекти.
Меѓу мерките кои владата ги најави се 10 илјади евра за расчистување на објектот, изготвување на проект за реконструкција од страна на министерството за култура како и изградба на пат со кој полесно ќе се стига до опожарениот дел од страна на министерството за транспорт и врски.
Општината ќе издвои околу 1 милион денари најави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
