Денеска облачно, од вечер дожд!

Објавено: 6 февруари, 2013, во 07:53 часот

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утринска магла ќе се појави во котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Облачноста ќе се зголемува кон крајот на денот кога ќе почне да врне, а обилен дожд се очекува во западните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од – 5 до 1 , а дневната од 7 до 14 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до -2 и со дневна до 8 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.