Од патот Виница – Берово, излета автобус!

Објавено: 6 февруари, 2013, во 16:55 часот

 

Од коловозот на патот Виница-Берово на место викано Липечко поле излета автобус на „Берово – транс“ полн со патници.

 

Меѓу нив нема повредени а без повреди се и возачот и совозачот во автобусот.

Причинета е материјална штета на автобусот кој сообраќал кон Берово.

Според првични информации несреќата ја предизвикал автомобил кој  излегол од бензинската пумпа на излезот на Виница.

Автобусот доаѓал од спротивната страна а автомобилот му го пресекол патот.

За директно да не се удрат автобусот се обидел да го избегне возилото  и  излетал од патот.

Истражните органи извршија увид на местото од кој треба да се утврдат причините за сообраќајката.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.