Од утре повторно зима во Македонија!

Објавено на 6 февруари, 2013 во 22:20

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека од утре попладне Македонија ќе биде зафатена од циклонот Иберија кој ќе предизвика облачно време со врнежи од дожд на пониските места и снег на планините.

 

Во попладневните часови температурите ќе паднат, ќе започне да дува засилен ветер од северен правец и врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на пониските места.

Можно е формирање на снежна покривка и на пониските места.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 6, а дневната од 5 до 11 степени.

Метеоролозите прогнозираат дека најголема снежна покривка, од околу 20 сантиметри, се очекува да биде формирана во југозападните, јужните и во источните делови од земјава.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.