Внимателно возете : Снег паѓа на Стража, Попова Шапка и Пресека!

Објавено на 7 февруари, 2013 во 08:23

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег.

 

Врнежи од снег има на планинските премини Стража, Попова Шапка, Маврово и Пресека, но на овие делници нема забрани за движење на возилата.

По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.