Времето денеска: Облачно со дожд и снег!
Објавено на 7 февруари, 2013 во 08:34
Времето денеска ќе биде oблачно со врнежи од дожд кои локално ќе имаат пороен карактер, а на југоисток можна е изолирана појава и на грмежи.
На планините ќе паѓа снег.
Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на пониските места во поголем дел од земјава и ќе се формира снежна покривка.
Попладне ќе дува умерен, а ноќта на моменти и засилен северен ветер.
Максималната температура ќе се искачи до 11 степени, во Скопје до 8 степени Целзиусови.
