Времето во Македонија: променливо облачно!
Објавено: 8 февруари, 2013, во 08:18 часот
Претпладне се уште ќе има слаби локални врнежи од снег и во текот на денот ќе дува умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од – 2 до 3, а дневната од 0 до 5 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно.
Во претпладневните часови е можен слаб снег.
Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе се искачи до 4 степени.


