Забрана за сообраќај на камиони на Стража и Маврово – Дебар!
Објавено: 8 февруари, 2013, во 08:26 часот
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива забавено, во зимски услови, по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег.
Поради интензивни врнежи од снег, воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и патниот правец крак Маврово – Дебар, а за планинскиот превој Ѓавато задолжителна е зимска опрема на истите.
По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.
Особено внимателно возење АМСМ препорачува на патните правци Кочани-Делчево и Виница-Берово каде што се забележани почести одрони од вообичаеното.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.

