Протест во Скопје за споменикот во Прешево!
Објавено: 8 февруари, 2013, во 18:24 часот
Група албанци мирно протестираа денеска во Скопје против отстранувањето на споменикот во Прешевво на Ослободителната војска на Прешево Бујановац и Медвеѓа.
Протестот требаше да се одржи пред српската амбасада во Скопје, но полицијата, превентивно ги држеше на дистанца.
Собирот го организирал студентскиот парламент на Универзитетот во Тетово.
Се приклучија и ветерани на ОНА како и здружението на политичките затвореници, албанци.
Извор: Радио Слободна Европа

