Магла на патот Прилеп – Крушево!
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, по претежно влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања.
Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Прилеп – Крушево.
Слаб снег паѓа во Гостивар, Прилеп, Ресен, Македонски Брод, Буково, Плетвар и Железнец.
Врнежи со среден интензитет се бележат во Охрид, Струга и Пресека, но не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.
Внимателно да се вози на патните правци Кочани-Делчево и Виница-Берово, каде што се забележани почести одрони од вообичаеното.
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
