До потрошувачите во Македонија не стигнале спорните млека на „Дукат“!
Претставништвото на „Дукат“ од Хрватска со соопштение преку медиумите информираше дека производителот на спорното млеко превентивно ги повлече од пазарот во Македонија двете ограничени серии од трајните млека за кои постои сомнеж за зголемено ниво на микотоксин со што тие не претставуваат опасност за потрошувачите во државава.
Во Македонија не било увезувано трајното млеко „Дукат“ со масленост од 2,8 отсто во тетрапак пакување од 0,5 л, едниот од двата производи, кај кои прелиминарните контроли на надлежните органи во Хрватска покажале „минимални отстапувања од пропишаните дозволени количини“ на микотоксин.
Стопирана е дистрибуцијата на трајното млеко „Дукат – лагано јутро“ со трајност до 25.04.2013.
Целокупната количина од оваа серија наменета за македонскиот пазар се наоѓа во магацините на увозникот.
Со ова, овие производи не претставуваат никаква опaсност за потрошувачите во Македонија, се вели на крјаот од соопштението.
Во дополнителното соопштение, од „Дукат“ велат дека извор на митоксиност е несоодветната сточна храна користена на сточните фарми од кои бил запрен откупот на млеко.
