Европратеници во посета на Македонија!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 09:07

 

Европратеници, поддржувачи на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, од денеска, се во дводневна посета на Македонија.

 

Нив ги покани министерот за надворешни работи Никола Попоски. 

Освен со министерот Попоски европратениците ќе остварат средби со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи, како и со пратеници во Собранието на Република Македонија.

На средбите со европратениците ќе се разговара за напредокот на  Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, особено во клучните реформски области кои се предмет на интерес за пролетниот извештај на Европската Комисија за Република Македонија.

Извор: Радио Слободна Европа

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.