Пожар ноќеска избувна на Бит пазар!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 10:15

 

Шест дуќани изгореа во пожарот што избувна ноќеска пет минути по полноќ на скопски Бит пазар. Во пожарот нема жртви ниту повредени.

 

Пожарот го гаснеа 35 пожарникари со 14 противпожарни возила на бригатата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Според изјавата на командирот, Благоја Менковски за МИА, пожарот е комплетно изгаснат и не е дозволено негово проширување.

Истражните власти ја утврдуваат причината и во текот на денот ќе соопштат детали за пожарот./А.Ј

Извор: МИА

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.