Трата жртва на свински грип во Македонија!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 14:35

Почина уште еден пациент од свински грип на Инфективна клиника. Се работи за пациент роден 1952 година  кој и претходно боледувал од повеќе тешки хронични заболувања.

Според информациите од клиниката пациентот бил кај нив хоспитализиран на 7 февруари со тешка клиничка слика, имал воспаление на белите дробови и мозокот.

И покрај сите преземени мерки за интензивно лекување пациентот починал истиот ден, само неколку часа по по хоспитализацијата. Во моментот на Инфективната клиника, на одделението за интензивно лекување има тројца пациенти со потешка клиничка слика, со претходни ризик-фактори и хронични заболувања. Исто така, по четворица пациенти со полесна клиничка слика на грип болнички се лекуваат во ГОБ 8 Септември и на Клиниката за детски болести, кои се во добра здравствена состојба. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.