Сообраќај по влажни коловози!
Објавено на 13 февруари, 2013 во 08:04
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата.
Врнежи од снег утринава има на планинските премини Стража и Пресека, но таму сепак нема пречки во сообраќајот.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка има појава на магла која ја намалува видливоста до 50 метри.
Од 07.10 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
