СДСМ не оди на локални избори!
Објавено: 13 февруари, 2013, во 12:52 часот
СДСМ останува на одлуката да ги бојкотира локалните избори.
Централниот одбор на партијата на синоќешниот состанок ја потврди ваквата одлука.
„Ние немаме намера да функционираме под ултиматум. Нашата одлука е недвосмислена. Без политички договор за излез од кризата која подразбира и обновување на легитимитетот на институциите, ние на локалните избори нема да учествуваме“, изјави за Радио Слободна Европа, генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.
Извор: Радио Слободна Европа
