Собранието не го прифати барањето на АМАН!
Пратениците на мнозинството во собранието не ја прифатија иницијативата на група граѓани за враќање на ефтината тарифа во цената на струјата.
Во прво читање на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, поднесен од 13.169 избирачи преку граѓанската иницијатива АМАН не ја доби поддршката на Собранието на РМ.
Поднесувачите на иницијативата посочија дека со законот се бара да се врати евтината дневна тарифа на електрична енергија и да не им се наплаќа надомест за топлинска енергија на корисниците во Скопје кои се исклучиле од системот.
Дека правно, предлогот од АМАН не може да биде вклучен во Законот, бидејќи цената на електричната енергија и на парното греење и се што е поврзано со тоа се регулира во подзаконски акти, односно со тарифникот кој е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика констатираше заменик министерот за економија Христијан Делев на расправата што претходно се водеше на седница на комисија за економски прашања.
Извор: Дојче Веле
