Променливо облачно со локални врнежи!
Објавено на 14 февруари, 2013 во 08:09
Во Македонија денеска ќе врне дожд во пониските делови, а на планините снег.
Врнежите се очекува во попладневните часови во западните и во јужните делови од земјава. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од – 3 до 4, а дневната од 3 до 10 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд особено попладне.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе се искачи до 7 степени.
