Внимателно возете, магла и одрони на дел од патиштата!

Објавено на 14 февруари, 2013 во 08:16

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.

 

Од ЈП „Македонија пат„ информираат дека појава на магла со видливост до 100 метри има кај Берово, а кај Маврово со видливост од 10 до 15 метри.

По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни  сите патни правци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.