ЕУ, НАТО, ОБСЕ И САД загрижени за состојбата во Македонија!

Објавено на 14 февруари, 2013 во 21:40

Шефовите на мисиите на ЕУ, Канцеларијата за врски на НАТО, ОБСЕ и на САД во пишана изјава изразуваат голема загриженост од политичката состојба во Македонија и ги повикуваат сите страни да го зајакнат политичкиот дијалог, пренесува Дојче Веле.

„Со зголемена загриженост ја следиме политичката состојба во земјава. Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември. Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани“, се вели во денешната (14.02) заедничка изјава од ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски како реакција на ваквата изјава, денеска рече дека смета оти треба да се биде загрижен „особено со оглед на фактот дека во онаа комуникација и оние пораки кои беа упатени досега најголемата опозициска партија не испрати порака дека ја става европската агенда на земјата на повисоко ниво отколку личните агенди и аспирации“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.