Дојче Веле: Владата им намигнува на новинарите!
За да продолжи дијалогот со Владата, Здружението на новинари на Македонија инсистира да се утврди одговорноста за исфрлањето на новинарите од Собранието на 24 декември. Новинарите бараат вистински, а не фингиран дијалог.
Се топи ли мразот меѓу Владата и ЗНМ? Од повеќе страни стигнуваат отворени сигнали дека е време да продолжи дијалогот кој Здружението еднострано го замрзна, откако надлежните институции не утврдија кој е одговорен за насилното исфрлање на новинарите од Собранието на 24 декември минатата година. Пред неколку дена, премиерот Груевски говорејќи за владините приоритети пред партнерите од коалицијата „За подобра Македонија”, испрати порака и до медиумската заедница.
„Изразувам подготвеност за продолжување на дијалогот со здруженијата на новинари во Македонија, со цел активно да се поддржи улогата и значењето на слободата на медиумите како столб на демократијата, и тоа преку осврнување на препораките на Високиот пристапен дијалог, кои ги допираат најзначајните теми поврзани со работата на новинарите”, порача Груевски.
Текстот е на Дојче Веле.
