СДСМ оди на избори ако се одложат за еден месец

Објавено на 15 февруари, 2013 во 12:37

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска на прес конференција предложи локалните избори да бидат на 24 април, наместо на 24 март, а предвремени парламентарни избори на 29 септември.

“Предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ да ги распише доколку на локалните избори СДСМ освои барем еден глас повеќе од партијата на власт“рече Црвенковски.

На прашањето што доколку власта се согласи со овие барања и сепак, СДСМ не освои повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе се повлечле од претседателската позиција во партијата, Црвенковски рече “ Ова прашање да се постави и обратно, кон ВМРО-ДПМНЕ, и нагласи дека тој веќе кажал дека уште еден мандат за претседател на СДСМ нема да бара.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.