На патот Катланово – Велес се вози по една лента!

Објавено на 16 февруари, 2013 во 08:38

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, во зимски услови, по претежно суви коловози.

 

Поради расчистување на одронот на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, со можни прекини на сообраќајот.

Сепак, се препорачува внимателно возење, посебно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.