ВМРО ДПМНЕ: Познати кандидатите за градоначалници и во Лозово, Градско и Свети Николе!

Објавено на 16 февруари, 2013 во 17:47

Партијата на власт пред неколку дена го соопшти кандидатот во Чашка.

Кандидатурата на актуелниот градоначалник на Чашка, Горанчо Пановски, ја прифати владеачката партија ВМРО ДПМНЕ.

Партиското раководство на Пановски му дава можност по вторпат да влезе во изборната трка на претстојните локални избори.

Како ќе изгледа составот на листата за членови на Советот на општината ќе се знае најдоцна вечерва на полноќ. Тогаш истекува рокот за поднесување на листата до Општинската изборна комисија.

Вчера беше соопштена информацијата дека во општина Градско е прифатена кандидатурата за градоначалник на Жанета Чаушевска. Таа е актуелен претседател на Советот на општината.

Носителот на листата и кандидатите за членови на општинскиот совет, од партијата, ќе ги соопштат дополнително.

На претстојните локални избори во трката за градоначалник на Лозово ќе се вклучи и Орце Цветковски. Највисокото партиско раководство по втор пат ја прифати  неговата кандидатура.

Кандидат за градоначалник на Свети Николе од редовите на ВМРО ДПМНЕ ќе биде Зоран Тасев . Тој е претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ ./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.