Владата со ветување за фер и демократски избори!
Владата гарантира дека изборите на 24 март ќе биле организирани согласно сите меѓународни стандарди, особено ќе се обезбеделе услови за фер и демократски избори.
Ваква гаранција денеска испорача во јавноста испорача владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. Тој искажа жалење од одлуката, како што рече, некои партии немало да учествуваат на изборите.
“Инсистиравме да има инклузија на сите политички партии во рамките на овој изборен процес. Околу моментот на нивното влијание на евроатлантските интеграции во наредниот период ќе се очекуваат коментарите од Европската Комисија и ЕУ, кои впрочем и беа дадени досега и сметаме дека граѓаните поседуваат чувство за да можат да проценуваат, да судат и да одлучуваат чија ќе биде одговорноста доколку тоа има сериозни импликации на нашите евроатлантски интеграции, истакна Ѓорѓиев./ A.Д
