СДСМ го исклучи Јакимовски!

Објавено на 17 февруари, 2013 во 12:00

Одлуката уследи откако тој синоќа спротивно на одлуките на “Сојузот за иднината“ поднесе кандидатура за градоначалник на Карпош преку партијата на Милетиќ.

“И покрај се’, во СДСМ и во здружената опозиција постои уште поголемо единство за бојкот на престојните локални избори, одлука која е исклучиво во интерес на Македонија и нејзините граѓани. Сакаме да ја информираме јавноста дека во изминативе денови, власта на секаков можен начин се обидуваше преку злоупотреба на државните институции, закани, уцени, па дури и со непристојни понуди, да убеди некој кандидат или партија од здружената опозиција да одигра епизодна улога за Никола Груевски. Нема никакви дилеми дека тоа единствено им успеа со Стевчо Јакимовски, новиот глумец на “фамилијата“, кој со задоволство ја прифати улогата на тројански коњ-рекоа  од СДСМ.

СДСМ смета дека  од вчера во Карпош, ВМРО ДПМНЕ има двајца свои кандидати за градоначалник и дека жителите на оваа општина точно ќе препознаат кога личниот интерес се става над општиот. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.