Земјотресите во Грција почувствувани и во Македонија!
Објавено: 17 февруари, 2013, во 20:44 часот
Четири од серијата од вкупно 20 земјотреси во соседна Грција, денеска попладне, биле почувствувани на територијата на Македонија.
Најсилниот од нив, во 17.48 часот, е регистриран во битолско-ресенскиот регион со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала – 1998, а во охридскиот регион со интензитет од 3 степени.
Во 13.06, 13.19 часот и во 13.40 часот биле регистрирани земјотреси во населените места од битолско-ресенскиот регион со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала – 1998.
Дваесетината земјотреси што ги регистрираа апаратите на Сеизмолошката опсерваторија се со епицентри од леринското епицентрално подрачје, од соседна Грција.


