Млекото на „Дукат“со токсини ќе се уништи!

Објавено: 18 февруари, 2013, во 08:48 часот

Во  Македонија, ќе се уништува количина од 360 литри на млекото „Лагано јутро“ на хрватскиот производител „Дукат“ во кое е пронајдено присуство на афлатоксин М1.

Млекото е канцерогено, потврдија анализите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје. Тие открија присуство на афлатоксин од 0,152 микрограми во литар.

Количината од 360 литри млеко никогаш не била пуштена во малопродажба.

Претходно, хрватскиот Ветеринарен институт потврди зголемено присуство на афлатоксинот М1 во млекото на „Дукат“ и на „Виндија“ кое беше повлечено од продажба во Србија и во Босна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.