Одбележан Денот на Меѓународните Воени спортови!
Објавено: 18 февруари, 2013, во 12:58 часот
Спортскиот настан, соопшти денеска МО, се одбележа со организација на спортски натпревари во следните дисциплини: крос на 8 километри за мажи и на 4 километри за жени, мал фудбал, кошарка и пинг-понг. Кросот за припадниците на гарнизонот Скопје, се одржа на патеката покрај кејот на Вардар, а останатите спортови во спортската сала на воениот стадион.
Претседателот на Меѓународниот совет на воени спортови во МО и АРМ полковникот Борко Симоски во своето обраќање пред присутните учесници на спортскиот настан напомена дека целта на овој проект е промовирање на здравје, физичка кондиција и пријатно чуство за секого, без селекција и исклучок на никој.
Со одбележувањето на Денот на Меѓународните Воени спортови, припадниците на МО и АРМ уште еднаш покажаа дека јакнењето на физичката кондиција и спортскиот дух се неопходни фактори не само за здрав живот, туку и за успешно извршување на сите задачи.
