Избрани новите министри!

Објавено: 18 февруари, 2013, во 16:49 часот

Собранието на Македонија денеска  со 64 гласа го избра Фатмир Бесими за министер без ресор задолжен за евроинтеграциите,  Талат Џафери со 65 гласа за министер за одбрана и Тахир Хани  со 64 гласа за министер за локална самоуправа.

Со изборот за министер на Талат Џафери му завршува мандатот како пратеник во Собранието. На негово место треба да дојде следниот кандидат од листата на ДУИ од последните парламентрани избори.

Македонскиот премиер Никола Груевски на денешната седница врз основа на неговите ингеренции, како што рече, ги предложи тројцата нови министри и очекува тие успешно да ја спроведуваат владината програма.

Пратениците од опозициските партии на Албанците во Македонија – ДПА, на Мендух Тачи и НДП чиј лидер е Руфи Османи, не гласаа за предложените министри и ја искритикуваа досегашната работа на предложените министри, рекоа дека работат по наредба на Груевски и против албанците.

Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“ претходно побара Талат Џафери да не биде изгласан за министер за одбрана и потсети дека Џафери за време на конфликтот во Македонија во 2001. година бил дел од ОНА и дезертирал од АРМ за да и’ се приклучи на оваа формација.

Пратениците ги изгласаа и замениците министри за внатрешни работи, за транспорт и врски и за финансии.

Извор: Дојче Веле

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.