Вашингтон повикува на надминување на политичките тензии!
Објавено: 20 февруари, 2013, во 09:24 часот
САД продолжуваат да ги повикуваат и Владата и опозицијата да постигнат решение.
Во врска со случувањата на политичката сцена во Македонија, Американскиот Стејт департмент, повторно укажа на заедничкото соопштение на претставниците на Соединетите Американски Држави, Европската Унија, НАТО и ОБСЕ.
Државнта агенција МИА јавува дека Стејт департментот бара итни чекори за надминување на актуелните политички тензии.
Во соопштението, од 14 февруари, првите луѓе на мисиите на САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО ги повикаа сите страни во Македонија максимално да го зајакнат политичкиот дијалог и да се фокусираат на стратешките приоритети и интересите на земјата и на нејзините граѓани.
Извор: Радио Слободна Европа
