Дополнителна отштета за прислушуваните во Македонија!
Објавено: 20 февруари, 2013, во 23:13 часот
Споро ама правдата стигнува. Судот за човекови права во Стразбур го расчисти “македонскиот Вотергејт“.
Аферата што со телефонско прислушување опфати стотина личности од политичкиот и јавниот живот во Македонија, од новинари до политичари, е истерана до крај. Меѓународниот суд во Стразбур одлучи Македонија во рок од 17 месеци да им исплати на оштетените глоба од по 1.850 евра.
Со тоа впрочем се стави точка на големиот скандал во 2000 година, откриен откако беше пробиен налогот на македонската служба за државна безбедност за прислушување на телефонски разговори на јавни и политички личности, почнувајќи од претседателот на државата, министри, пратеници, амбасадори, судии, до триесетина новинари.
Скандалот “Големото уво“ го обелодени лидерот на опозиционата СДСМ, Бранко Црвенковски. На обвинителната клупа никогаш не седна тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска, која додека траеше судскиот спор почина.
Пред одлуката на судот во Стрзбур, група од прислушувани новинари успеа преку македонските судови да наплати отштета од по 6.000 евра, а со новата пресуда ќе добијат дополнителни 1.850 евра. / А. Д
Извор: Танјуг


